Претседателот Иванов на средба со Хајндл
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими амбасадорот Јоханес Хајндл, личен претставник на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Хајндл, за време на дводневанта посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева, додека утре специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, утре треба да даде изjава за медиумите.
Тоа ќе биде трета посета на Хајндл на Македонија во последните 30 дена. На 12 мај тој имаше средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а при втората посета на 20 мај, покрај со партиските челници, разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
На средбите, како што информираа неговите македонски соговорници, на Хајндл му биле пренесени нивните ставови за актуелната политичка криза и за можностите за нејзино надминување.
Во меѓувреме, во интервју за Дојче веле, Хајндл истакна дека Договорот од Пржино и натаму е добра основа за изнаоѓање решение за кризата во Македонија. Порача дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да најде излез од кризата, но оти патот ќе мора самата да го изоди. Тоа, според него, треба да вклучува повлекување на аболициите од претседателот Иванов, непречена работа на Специјалното јавно обвинителство и создавање услови за фер и демократски избори.
Ново на Сител
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија