Претседателот Иванов на 52. Минхенска безбедносна конференција
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе учествува на 52. Минхенска безбедносна конференција, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Претседателот Иванов ќе има обраќање на панел - дискусијата „Кон натамошна евроатлантска интеграција на Југоисточна Европа“, на која ќе учествуваат и претседателите на Хрватска и на Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор и премиерите на Црна Гора и на Косово Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.
Предвидено е Иванов, кој четврти пат учествува на Минхенската безбедносна конференција, да има повеќе средби со дел од учесниците на собирот.
Во фокусот на годинашната конференција ќе бидат војната во Сирија и состојбите на Блискиот Исток, бегалската и мигрантската криза, безбедносната состојба во Европа и евроатлантските интеграции.
На 52. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на околу 30 шефови на држави и на влади, околу 70 министри за надворешни работи и за одбрана, како и голем број извршни директори на глобални компании и парламентарни делегации. Меѓу учесниците се германскиот министер за надворешни работи Франк - Валтер Штајнмаер, како претставник на земјата - домаќин, јорданскиот крал Абдула II, претседателите на Полска и на Украина, Анджеј Дуда и Петро Порошенко, премиерите на Франција и на Русија, Мануел Валс и Дмитри Медведев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и др.
Минхенската безбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, претставува најугледен и најреномиран форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината со особен фокус на трансатлантското партнерство. Република Македонија, претставена на највисоко ниво, редовно учествува на конференцијата, стои во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.
Ново на Сител
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром
-
Филипче бара лидерска за носење на надпартиска стратегија
-
Судот го отстрани Палчо од судница, Кешишев не сака да сведочи пред него
-
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешувањето на Љупчо Коцевски
-
Дурмиши: Секој има право на протест, но местото за повисок минималц не е на улица
-
Филипче ги поддржува барањата на ССМ за 500 евра минималец, негира дека стои зад протестите
-
Преглед на вестите од светот
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни