Претседателот Иванов ги прими акредитивите од словачкиот амбасадор Маркуш
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Словачката Република во Република Македонија, Хенрик Маркуш.
На средбата со словачкиот амбасадор Маркуш, претседателот Иванов изразил задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Словачката Република кој, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се одразува со соработката во многу области од заемен интерес, а се заснова на меѓусебно пријателство и почит.
Претседателот Иванов го истакнал, големото значење на досегашната поддршка од Словачката Република која и преку форматот Вишеградска група дава конкретна помош и поддршка за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија изразувајќи длабоко уверување дека истата ќе продолжи и во наредниот период.
- Република Македонија заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во Европската унија и да ја добие поканата за членство во НАТО без натамошно одложување. Подготвени сме да придонесеме во изградбата на нашата заедничка иднина во Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, конструктивна соработка, меѓусебно почитување и искрен приод во односите, посочил Иванов.
Амбасадорот Маркуш, истакнал дека двете земји уште од времето на Св. Кирил и Методи ги врзуваат духовни и културни врски кои се солидна основа за нивно понатамошно развивање. Тој ги истакна истите стратешки цели во поглед на надворешната политика на двете земји - европската и евроатлантската интеграција и порача дека Словачка ќе даде се од себе да ѝ помогне на Македонија да го постигне заслужениот напредок во блиска иднина.
Претседателот Иванов на новоименуваниот амбасадор му честитал за функцијата и му посакал успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.
Ново на Сител
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
-

Бројот на потврдени случаи на заболени од ебола во Конго се зголеми на 3.262
-

Зеленски разговараше со Трамп за лиценци за „Патриот“ и поддршка за противвоздушната одбрана
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
