Претседателката Сиљановска Давкова ги прими премиерот Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти нејзиниот кабинет.
Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.
Новата Влада што ја предводи Мицкоски беше избрана синоќа во Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ.
Во владиниот кабинет има 20 министерства, четири повеќе од досега. Петнаесет членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Мицкоски е 13-тиот премиер, а ја предводи 20. влада од осамостојувањето на државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува