Претседателката на Уставниот суд Кацарска се сретна со францускиот амбасадор Баумгартнер
Претседателката на Уставниот суд на Република Македонија, Добрила Кацарска денеска оствари средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Сирил Баумгартнер.
Како што соопштија од Судот, Кацарска го запознала амбасадорот со уставната улога на Уставниот суд, неговите надлежности, предизвиците и проблемите со кои се соочува, но и визијата за натамошно унапредување на неговото функционирање преку целосно остварување на буџетска и административна самостојност, идната реформа на уставната заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, начините за остварување поголема отвореност кон јавноста на Судот и тековниот процес на кадровско екипирање на Стручната служба.
На средбата било искажано обострано задоволство од неодамнешниот прием на Уставниот суд на Република Македонија во Асоцијацијата на франкофонски уставни судови, кој после подолго време повторно е дел од оваа меѓународна асоцијација, но и за досегашната соработка со Уставниот совет на Франција, која секако ќе се развива во наредниот период.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
