Претседателката на Хрватска очекува значителни резерви од „Јужниот гасен коридор"

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека Јонското-Јадранскиот гасовод е одличен проект и за негова реализација потребна е значителна испорака на гас од „Јужниот гасен коридор".
- Овој нафтовод со должина од околу 520 километри, ќе го соедини гасоводниот систем на Хрватска со Трансјадранскиот цевковод. Тоа ќе се постигне на сметка на продолжувањето на изградбата на крак од Сплит во насока на Плоча, и понатаму во Црна Гора до Албанија, каде Јонското-Јадранскиот гасовод може да биде соединет со Трансјадранскиот гасовод.
Покрај Хрватска, во проектот се вклучени Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Определената линија на гасоводот ќе поминува низ Албанија, Црна Гора и Хрватска, а за Босна и Херцеговина ќе биде изграден посебен крак, изјави Грабар-Китаровиќ.
Претседателката на Хрватска истакна дека преку Јонско-јадранскиот гасовод до Европа ќе може да биде испорачан гас од Каспискиот регион, а преку изградба на пловечки терминал за течен гас на островот Крк се отвора можност за транспорт на гас до Полска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
