Претреси во Штип, пронајдени дрога и пиштол, приведен дилер
На 30.12.2023 околу 19.15 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода М.С.(41) од Штип. При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол „Пјетро Берета“ со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени