-->
-->
Претрес во Велес, приведени две лица
-->
На 26.12.2023 во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А. и П.Т.(34), двајцата од Велес.
При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две потрошувачки кошнички - синдикална и официјална, нема договор за минималната плата
-
Сто педесет и три години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Променливо облачно и ветровито, опаѓање на утринските температури до крајот на неделава
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија