Македонија
27. November 2025 - 10:42

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана и дигитална вага

На 26.11.2025 во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(36) од Скопје.

При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Ново на Сител