Македонија
30. August 2024 - 11:03

Претрес во Радовиш, пронајдени стебла и семки од канабис

На 29.08.2024 во 13.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Радовиш.

При преглед на лицето биле пронајдени 25 семки од растението канабис, пластичен грендер и други предмети. Во службениот разговор тој изјавил дека семките ги набавил со намера да ги засади и одгледува.

Врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен и претрес во домот и просториите кои ги користи Д.Ј. во Радовиш и во село Шипковица, радовишко, при што во дворното место на куќата во село Шипковица биле пронајдени две стебла канабис. Д.Ј. е задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.