-->
-->
Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје
-->
Денеска (21.05.2022) во с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода С.Б.(34) од с.Ласкарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
