Претрес во Куманово, пронајдено оружје, одреден притвор за кумановец | ФОТО
На 27.08.2023 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” предвидено и казниво по чл.396 од КЗ.

Џ.Е. изминатиот период неовластено набавил и во својот дом држел оружје и муниција за оружје, поради што врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово во тек на полициска акција спроведена на 27.08.2023 година од страна на полициските службеници при ЕНТД беа преземени мерки и активности и извршен е претрес во домот и други простории кај лицето, при што пронајдени и одземени се еден пиштол долга деветка со рамка од 8 куршуми калибар 9мм, 28 парчиња муниција за пиштол калибар 9 мм, една полуавтоматска пушка карабин, една ловџиска пушка, 17 метални рамки за муниција за карабин како и 138 парчиња муниција за карабин различен калибар. Лицето е лишено од слобода и изнесено пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
