Претрес на куќа во близина на местото на убиството на Јелена - Инспекторите ја испразниле цела!

Белградската полиција, во продолжение на истрагата за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ изврши претрес на една куќа во населбата Црвенка која е оддалечена околу еден километар од насипот во Борча.
Под лупата на полицијата била куќа на постар маж со иницијали С.А., за кого отворено се сомнева дека се работи за личноста која полицијата ја пронашла во неделата претпладне како лежи во грмушките надалеку од местото каде се наоѓало телото на убиената пејачка.

За време на пребарувањето на куќата во дворот се наоѓал и неговиот син Саша А., со кој полицијата извршила разговор.

Екипата на Форензичарите од куќата на двајцата мажи со себе на анализа однела велосипед, фармерки и два пара кондури.

По заминувањето на полициските инспектори, Саша за српски Курир изјави дека тој и неговиот татко немаат никаква врска со убиството на пејачката.

Полицијата е во потрага и по сино БМВ. Се претпоставува дека полицијата веројатно проверува се што снимиле камерите, одредени автомобили, велосипедисти, но и личности кои се снимени во близина на насипот каде е најдено телото на пејачката.

Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
