Претприемачки од Македонија, Албанија и Косово ги унапредуваат вештините за бизнис
Дваесет жени претприемачи од Македонија, Албанија и Косово ги зајакнуваат своите вештини за унапредување на бизнисот преку шестмесечниот проект на Холандската амбасада во Македонија.
Проектот, финансиран од Владата на Холандија се спроведуваше во трите земји од ноември 2015 година, а денеска беа претставени резултатите од имплементацијата.
- Најважното за еден бизнис е лидерот на фирмата и кога разговараме со потенцијални донатори или помагачи да се види лицето на организацијата и кои се неговите квалитети, рече Карен Камерат од Холандија, учесник во проектот.
Таа додаде дека целта е да се погледне во претпријатијата и вештините што ги имаат нивните претприемачи за да го унапредат нивниот бизнис. - Постигнавме многу резултати, а главниот е дека нашите учеснички се чуватвуаат посигурни во себе и вештините што ги имаат, истакна Камерат.
Преку проектот е воспоставена соработка меѓу претприемачките од трите земји и мрежа која и натаму ќе продолжи да функционира. Покрај меѓусебната соработка, половината од учесничките веќе имаат воспоставено соработка и со фирми од Холандија, а половината се во фаза на воспоставување контакти.
Според Арита Тахири, учесник во проектот од Косово, постои соработка меѓу бизнис жените во земјите од регионот и оти тие заеднички работат на големи проекти.
Потенцира дека жените не треба да бидат дискриминирани во бизнисот бидејќи доколку сакаат имаат доста сила и средства да успеат во својот проект.
Повеќето бизниси во овој регион, истакна Тахири, се во сферата на машкиот свет, но смета дека со субвенции и добра соработка може да се успее.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец