Претпадне сончево, попладне дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 27 до 34 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност, доцна попладне и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.
Позначителен влажен бран се очекува во сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството