Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку ден, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
За време на викендот, времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
