Претепан сопственикот на КК ЦСКА Москва
Првиот човек кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва, Андреј Ватутин бил нападнат во северозападниот дел на градот, јавија руските медиуми.
Локалната полиција соопшти дека двајцата разбојници го нападнале Ватутин синоќа околу 21 часот по локално време. Нападот се случил кога Ватутин излегувајќи од продавница се упатил кон својот автомобилот, а во тој момент напаѓачите скокнале врз него и почнале да го удираат по главата со гумен чекан, од што се здобил со повреди на вилицата и окото.
По нападот, сопственикот на најдобриот руски кошаркарски тим, итно бил префрлен во болница, каде што докторите дијагностицирале скршеница на горната вилица.
Во соопштението до јавноста од тимот на ЦСКА се потенцира дека Ватутин се уште е во болница, но во стабилна состојба. - Претседателот е принуден да пропушти неколку натпревари на нашиот тим, а од нас побара да пренесеме благодарност до сите оние кои прашуваа како се чувствува. Клубот и тимот мора да продолжи да функционираат нормално, се вели во соопштението од клубот.
- Можеше да биде и полошо’, изјави Ватутин за ТАСС.
Тој е дел од најголемиот и најтрофеен кошаркарски колектив во Русија од 2002 година, а со него раководи од 2009 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер