Пресврт: Убиецот на Јелена бил во затвор поради силување
Момчето за кое полицијата проверува дали е вмешано во убиството на пејачката Јелена Марјановиќ поминало 3 ипол години во затвор поради силување на девојка, дознава српски Курир.
-Беше многу молчаливо, и со никого не се дружеше. По враќањето од затвор не најде работа, туку седеше во куќата во која живееше со своите родители. Повремено шеташе по улица, но одбегнуваше контакт со соседите. Кога беше уапсен поради силуваше, мислевме дека е наместен зошто беше многу повлечен. Но после се докажа дека навистина го направил тоа злосторство. Сега се плашиме дека има некаква врска со убиството на пејачката, велат жителите на оваа приградска населба.
Извор за Курир наведува дека пред десетина дена инспекторите ги проверувале сите луѓе во тој дел од градот што некогаш одговарале за секлуални и крви деликти.
-Момчето им беше сомнително на полицајците зошто беше затворено во својот дом и не излегуваше откако беше убиена пејачката од Борча. Само ден откако државниот врв објави дека се очекува апсење на убиецот, тој е пронајден обесен во семејната куќа, вели за Курир доброупатен извор.
Соговорникот вели дека клопчето почна да се одмотува.
- Луѓето со кои разговаравме наведоа дека забележале промена во неговото однесување. Индикативно е што сите изјавија дека тој бил многу стрплив. Полицијата се уште го истражува ова самоубиство и сигурни сме дека постои некоја врска меѓу него и убиената пејачка, вели изворот.
Да потсетиме, Јелена Марјановиќ, е убиена додека трчала по насипот во приградската населба Борча. Нејзиното тело ден подоцна е откриено во каналот покрај насипот.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро