Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули
Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска за случајот познат како „Софтвери“ завршни зборови даваа обвинетите Ирена Ивановска и Маја Силјановска. Пресудата судот ќе ја објави на 6 јули.
Адвокатот кој говореше во име на Ирена Ивановска и Маја Силјановска бараше од судиите да се оттргнат од притисокот на обвинителството, како и со непристрасност, независност и самостојност во одлучувањето, со тоа што, како што кажа адвокатот, за двете обвинети за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, ќе донесат ослободителна пресуда.
Според обвинението, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Случајот го води судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.
Ново на Сител
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со изведување материјални докази од Обвинителството
-

Конференција „30 години на европскиот пат: Односите Македонија-ЕУ и патот напред“
-

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот
-

Денеска е Св. великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) - празник на обновување на природата и животот
-

Трамп најави пауза на „Проектот Слобода“, Рубио изјави дека операцијата „Епски бес“ е завршена
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
-

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
