Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за предметот против Раде Трајковски–Штекли и уште четворица обвинети, поврзан со организирана криминална група за неовластено производство и трговија со кокаин и марихуана.
Првично во случајот беа опфатени 16 лица, од кои седум склучија спогодба и добија затворски казни од 3 до 3,5 години, додека четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.
Според обвинението, групата дејствувала во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година и била добро организирана, со јасно дефинирани улоги - од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Обвинителството тврди дека првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли се јавува како организатор и координатор, кој бил во контакт со лица од странство и домашни посредници за првична набавка на кокаин, давајќи насоки и упатства за проширување на мрежата.
Според доказите на Обвинителството, дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликации за заштитена комуникација, како „Снепчет“, а клучни докази биле обезбедени преку систем за анализа на мобилни телефони.
На почетокот на судскиот процес првообвинетиот Раде Трајковски-Штекли изјави дека не го разбира обвинението, а другите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновно. Одбраната на Трајковски истакна дека ќе докаже оти тој не формирал, ниту организирал криминална група и дека не постојат докази дека давал инструкции посочувајќи дека наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
