Свет
1. August 2016 - 17:04

Престанува со работа првата и единствена адвокатска канцеларија во Северна Кореја

Првата и единствена адвокатска канцеларија во Северна Кореја, „Хеј, Калб енд Асошиејтс“ ќе престане да работи, соошти денеска нејзиниот директор.

Станува збор за заедничка фирма на севернокорејската држава и на Мајкл Хеј, државјанин на Франција и Велика Британија, која веќе 12 години застапува странски клиенти во Пјонгјанг .

- Одлуката за престанок со работа се допжи на бизнис и геополитички принципи и е донесена по долго и темелно разгледување и континуирано испитување на меѓурегионалните односи на Корејскиот Полуостров, објасни Хеј.

Голем број клиенти на Хеј се странски инвеститори, од кои многумина трпат последици од санкциите на Обединетите нации кон Северна Кореја.

Одлуката за престанок со работа стапува во сила вечерва, а официјалното затворање на канцеларијата е предвидено за 14 август, на 12-годишнината на од нејзиното отворање.

Според официјалниот пописот од 2008 година во Северна Кореја има повеќе од осум илјади правници, од кои најголемиот број работат за државата.