Преспанскиот договор и натаму ужива целосна поддршка од ЕУ
Високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини, во понеделник ќе ги информира земјите членки на Унијата за состојбата во Македонија и исходот од консултативниот референдум на 30 септември.
Покрај Македонија, Могерини ќе информира и за исходот од изборите во Босна и Херцеговина.
Пораката на високата претставничка е дека ЕУ и натаму стои зад договорот склучен помеѓу Македонија и Грција за името, велат високи дипломатски извори во Советот на ЕУ.
За Македонија како земја кандидат за членство во процесот на проширување обично се дискутира во составот на Советот за општи работи. Иако не се драматизира состојбата, ставањето на македонското досие на масата на министрите во составот на Советот за надворешни работи, како и брифингот за Македонија во политичко-безбедносниот комитет на ЕУ кој се одржал изминативе денови, е извор на загриженост кај одредени дипломати во Брисел кои ги пратат состојбите во Македонија.
- Македонија не е формално на агендата на Советот за надворешни работи, како што објаснува портпарол на ЕУ, Могерини само ќе информира за состојбите, смируваат од Советот на ЕУ.
Што се однесува до политичко-безбедносниот комитет, портпаролот за МИА објаснува дека станало збор за брифинг по референдумот на 30 септември.
- ЕУ целосно стои за Преспанскиот договор, велат од Советот и додаваат дека Брисел е во постојан контакт со сите актери инволвирани во процесот во Македонија.
Висок дипломатски извор во Советот за МИА додава дека не сака да го користи зборот „притисок“ кога станува збор за овие контакти.
- Не би било соодветно за надворешен актер да врши притисок вез политичките или други актери и сигурно не врз гласачите. Ставивме на знаење дека го поздравуваме договорот склучен помеѓу Грција и Македонија и ги почитуваме демократските процеси во земјата, изјави дипломатот за МИА.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект