Прес-службата на Коѕијас: Невистинито соопштението на Нова демократија за брифингот за името
Од прес-службата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагираат на соопштението од Нова демократија за одржаната средба на Коѕијас со Кумуцакос.
Од опозициската партија изразија загриженост за текот на разговорите за името, а од прес службата на Коѕијас, велат дека соопштението на Нова демократија не одговара на реалноста и е невистинито, јави дописничката на МИА од Атина.
- Делегацијата од Нова Демократија не изрази никаква резервираност или загриженост за време на над двочасовниот брифинг, исто така даваше коментари што се од дополнителна помош. За време на брифингот, се водеше евиденција што ја потврдува невистината на содржината на соопштението на Нова демократија. Ја повикуваме Нова демократија, конечно да покаже сериозност и одговорност во справувањето со големите национални прашања, пишува во соопштението од прес службата на Коѕијас.
Како што претходно објави МИА, Кумуцакос рече дека по брифингот со Коѕијас за името, им се интензивирала загриженоста.
Ново на Сител
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии
-
Македонските кошаркарки убедливо поразени во Белград
-
Приведен 50-годишен маж од Тетово поради кражба
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата