Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
Родителите вообичаено сакаат да ја препознаат и поддржат дарбата на своето дете, но понекогаш е тешко да се открие за што навистина тој / таа е талентиран(а). Децата честопати посветуваат кратко внимание на нешто, но кога се заинтересирани за една работа, тие може да покажат извонредна концентрација и посветеност. Следат неколку клучни знаци за дарбата на едно дете.
Ниво на фокус
Когa некое дете е заинтересирано за нешто, тој/таа покажува исклучителна сосредоточеност. Ако родителот забележи дека детето останува ангажирано во некое свое хоби подолго од вообичаено, тоа може да биде знак за посебен интерес или талент. Децата кои имаат природна дарба за некоја активност, обично покажуваат трпение и подготвеност за вежбање и надградба, што е прилично добар показател, пишува босанскиот портал „Кликс“.
Природна љубопитност
Меѓу најважните знаци на талент е интензивната љубопитност за одредени активности. Децата со дарба често покажуваат голем интерес за одредени теми – музика, бројки, уметност, спорт. Ако забележите дека Вашето дете минува повеќе време истражувајќи ја или повторувајќи некоја активност, тоа честопати е знак дека има природни способности, вештини или дарба за таа област. Следете кои области го интересираат Вашето дете и дајте му пристап до книги, играчки и активности кои дополнително ќе го ангажираат.
Развој на физички способности
Децата кои покажуваат посебна умешност или координација во физичките активности, како што се трчање, скокање, танцување или некој спорт, може и да му го посветат својот живот на тоа. Физичките таленти може да станат видливи уште на рана возраст, на пр. преку леснотијата со која детето усвојува нови движења. Запишувањето на спортски тренинг или на танц може да му помогне да ги развие своите физички вештини и подлабоко да се поврзе со сѐ тоа.
Социјални вештини и стремеж кон предводништво
Некои деца покажуваат талент за лидерство и комуникација. Ако едно дете лесно презема иницијатива во играта, сака да ги организира другите и покажува исклучителни социјални вештини, тој / таа можеби има природна дарба за комуникација и емпатија. Децата со овие вештини често уживаат во дружењето и организирањето активности. Вклучувањето на детето во групни активности и игри што бараат тимска работа и комуникација ќе му помогне да ги изгради своите социјални вештини и да ги развие лидерските способности.
Разбирањето на дарбата на Вашето дете е важен чекор во неговото воспитување и поддршка. Препознавајќи ги неговите или нејзините интереси и способности, може да му / ѝ помогнете да го развие својот потенцијал и да ужива во учењето и растењето во таа насока.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст