Свет
31. January 2017 - 10:02

Препорака од ЕУ кон Турција за спорните егејски острови

Европската унија упати препорака до Турција во врска со тензиите, кои настанаа пред два дена, откако  турски воен брод, во кој беше началникот на Генерал штабот на турската армија, генерал Хулуси Акар го обиколи регионот, покрај спорните егејски острови, кои Грција ги нарекува Имија, а Турција Кардак, јавија грчки медуми. 
 
Портпаролот на Европската комисија Маргаритас Схинас изјави дека добрососедските односи претставуваат критериум за членство во ЕУ, пренесува БТА.
 
Схинас појасни дека постоењето добрососедски односи на максимално можно ниво е важен критериум, кој се поставува пред земјите во рамки на претпристапниот дијалог.