Македонија
26. November 2017 - 10:42

Преполовени водостоите на Треска, Пчиња Сатеска и Крива Река

Двојно пониски од просекот за ноември се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка, соопшти УХМР.

Според денешните хидролошки мерења, минимални отстапувања во водостоите има на Вардар кај Скопје и Јегуновце, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци. 

Состојбата со езерата е речиси иста со вчерашната. Дојранското покажува тројно зголемено ниво, а Преспанското и Охридското се околу просекот.