Пренасочен режим на сообраќај на патниот правец Штип – Кочани
Поради изведување градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница на магистралниот пат А3 денеска се одвива со пренасочен режим. Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата