Македонија
27. September 2018 - 9:49

Премиерот Заев со повеќе активности ја завршува референдумската кампања

Премиерот Зоран Заев кампањата за референдумот, што ќе се одржи на 30 септември, ја завршува со неколку активности.

Тој денеска ќе ја посети локацијата каде што се одвиваат градежните активности на инвестицијата Лимак - Дајмонд, а ќе се обрати во просториите на „Лимак“. 

Заев ќе има негово обраќање и по повод отпочнување на проектот на компанијата од фармацевската индустрија „САГЕН“, во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 ( Бунарџик).

Покрај премиерот, по повод отворањето на фармацевската компанија ќе имаат и заменик претседателот на Владата Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.

Претседателот на Владата, денеска заедно со директорот на  Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во свечена сала во Владата, ќе го промовираат новиот систем на финансирање во спортот.