-->
-->
Премиерот Заев се сретна со тимот на проектот „Импала“
-->

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со Весна Кузмановиќ, лидер на тимот за проектот „Импала“, финансиски поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој-ФИТР. Разговараа за важноста на поддршката од државата за развој на иновациите и претприемачкиот дух што, пак, придонесува за развој на економијата и можностите за отворање нови и добро платени работни места.
-Драго ми е што во Република Северна Македонија развивме систем на препознавање и поддршка на иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух, со кој проектите базирани на иновации добиваат шанса да се развиваат понатаму. За нас успешноста на реализација на вашиот иновативен проект претставува гордост на сите граѓани и целата држава и продолжуваме силно да ги поддржуваме иновативните проекти, рече Заев.
Проектот „Импала“ доби финансиска поддршка од Планот за економски раст преку Фондот за технолошки развој и иновации. Тим-лидерката Кузмановиќ го презентираше концептот кој се базира на најновите научни достигнувања од областа на економската психологија, неврологија и маркетинг преточени во нови технолошки ИКТ-решенија.
-Со финансиската поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој успеавме да развиеме апликација која сега е потполно функционална и веќе ја користиме за тестирање различни маркетиншки алатки. Повратните информации од клиентите се крајно позитивни и тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат. Покажавме кредибилитет и кај WIF, во чија акцелераторска програма влеговме и сме пример дека во Северна Македонија има потенцијал за развој на стартапите, и во сферата на ИКТ. Тие пројавија интерес и за влез на македонскиот пазар како дополнителен извор на финансирање, информираше Кузмановиќ.
Таа истакна дека помошта од државата е исклучително важна за да се мотивираат и други млади луѓе со идеи да се вклучат во процесот на развој на иновативни проекти и нови креативни решенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања