-->
-->
Премиерот Заев ќе ги бодри репрезентативците во Букурешт
-->
Денес со почеток во 18 часот репрезентацијата на Македонија ќе ги одмери силите со Австрија. Тоа ќе биде деби настап за македонската репрезентација на Европските натпреварувања.
На „Националната арена“ во Букурешт ќе има нешто повеќе од 2.000 македонски навивачи, а меѓу нив ќе биде и премиерот Зоран Заев. Тој ги испрати фудбалерите во Букурешт минатиот вторник на скопскиот аеродром и тоа токму пред полетувањето, откако ФФМ претходно не му дозволи средба со фудбалерите поради пропишаните протоколи од страна на УЕФА.
Во Букурешт има голем број на македонски навивачи иако само малкумина од нив ќе успеат да навиваат од трибините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
