Премиерот на Словачка го обвини претседателот дека ја дестабилизира државата
Политичката бура во Словачка се разгорe откако премиерот Роберт Фицо синоќа го обвини претседателот Андреј Киска дека ја дестабилизира државата со повикот за промени во Владата или предвремени избори.
Претседателот го упати тој повик по убиството на новинарот Јан Куциак и неговата вереница и истакна дека тоа, според него, се можните начини за надминување nа сериозната политичка криза.
Фицо, во телевизиско обраќање, не само што го обвини претседателот дека се обидува да ја дестабилизира земјата, туку дека можеби на некаков начин е вмешан и американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос. Фицо рече дека Киска и Сорос се сретнале во Њујорк на 20 септември и побара претседателот да објасни зошто се сретнал со Сорос, за што зборувале и зошто на средбата не присуствувал претставник на словачкото Министерство за надворешни работи.
Киска го победи Фицо на претседателските избори во 2014 година.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР