Премиерот на Исланд поднесе оставка по поразот на предвремените избори

Премиерот на Исланд, Сигурдур Инги Јохансон денеска поднесе оставка по саботните предвремени парламентарни избори, на кои ниту една партија не освои мнозинството во Парламентот и со тоа се отвора пат за интензивни преговори за состав на идната влада.
Оставката на Јохансон следува откако неговата либерална Прогресивна партија на изборите освои само осум пратенички места во 63-члениот Парламент. Во претходниот состав Прогресивната партија имаше 19 пратеници.
Тој на прес-конференција во Рејкјавик изјави дека неговиот потег е согласно Уставот, чии одредби предвидуваат негово останување на должноста премиер се додека не се формира нова влада.
Шефот на државата Гудни Јохансон би требало да му го довери мандатот за состав на нова влада на министерот за финансии Бјарни Бенедиктсон, чија конзервативна Партија на независноста освои 21 мандат на изборите.
Ново на Сител
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
