Македонија
17. November 2025 - 8:18

Премиерот Мицкоски со градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски вчеравечер беа во обиколка на главниот град.

- Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители - ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!, напиша на неговиот фејсбук профил градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во рамки на обиколката двајцата го посетиле и местото на кое некогаш беше Луна паркот, за кој, како што додава Ѓорѓиевски, наскоро ќе почне постапка за реализација.

-Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија - Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација. Најдоброто, доаѓа!, стои во објавата на Ѓорѓиевски.