Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на настанот „Еразмус+ од учење до нови животни можности“, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, којшто ќе се одржи на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Целта на настанот, на кој ќе се објават програмските приоритети за 2026 година, е да се истакне значењето на програмата Еразмус+ како клучен фактор во личниот, академскиот и професионалниот развој на младите, преку промоција на можностите што ги нудат европските образовни програми и државната поддршка за македонските студенти.
Според агендата, настанот ќе го отворат деканот на Економскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Мијалче Санта, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Ана Михајлов.
Премиерот Мицкоски, како што е најавено, ќе даде посебен осврт на институционалната и државната поддршка за младите и образованието.
Во вториот дел од настанот, своите лични искуства и придобивките од учеството во програмата Еразмус+ ќе ги споделат студентите Теа Мицевска од Правниот факултет и Теодор Бошков од Економскиот факултет, кои ќе говорат за патот од студентска практика до професионален развој.
Настанот ќе заврши со отворена дискусија и неформално дружење.
МИА
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
