Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско - Дреново
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново (дел од експресниот пат Градско-Фариш).
Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус еден километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат.
Вредноста на проектот, како што соопшти владината прес-служба, е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.
Делот што се пушта во употреба содржи три клучки Градско, Росоман, Дреново, четири вијадукти, еден мост, четири надпатници и три подпатници.
Премиерот Мицкоски минатата недела за време на посетата на општина Штип рече дека со пуштањето на првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново ќе се намали времетраењето на патување до Прилеп и Битола.
Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри. Мицкоски најави дека продолжуваат и активностите на автопатот меѓу Прилеп и Битола и очекува во рок од три години и тој да биде завршен.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Потребна ни е политика како уметност на можното
-
Петта ноќ протести во Мароко, судири меѓу млади и полиција, две лица убиени
-
Флотилата за помош за Газа вели дека израелската војска нелегално се качила на нејзиниот брод
-
Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање
-
Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија
-
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
-
Кац: Палестинците кои ќе останат во Газа ќе се сметаат за терористи
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025