Премиерот Груевски направи увид во градежните работи на локалниот пат за Скудриње
Премерот Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на дебарско-реканскиот крај направи увид и во градежните работи на локалниот пат за Скудриње за кој се инвестирани околу 40 милиони денари.
Патот во моментов е во завршна фаза, веќе е тампониран по целата должина, а наскоро се очекува негово асфалтирање.
Премиерот Груевски оцени дека градежните активности на патот се одвиваат одлично и оти се очекува да биде завршен за скоро време.
Во изјава за медиумите, тој нагласи дека она што најмногу го радува при ваквите посети се контактите со граѓаните бидејќи од овие средби може да го види фитбекот од работата на Владата, односно да ги слушне и позитивните и негативните критики.
- Задоволство и добра можност е да се ислушаат граѓаните и секаде каде што може да помогнеме бидејќи тоа е нашата обврска и затоа сме избрани од граѓаните. Нашата поента не е само да ги решаваме проблемите што сме ги ветиле, туку да слушнеме и други проблеми што не сме ги ветиле. Карактеристика на оваа политичка гарнитура е тоа што не само што ги исполнува, туку многу често решава и проблеми што не ги ветила. И тука е нашата додадена вредност наспроти нашите политички конкуренти, нагласи Груевски по посетата на Скудриње.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник