Премиерот Груевски ја посети новоотоворената Филмска академија во Охрид
Работната посета на Охрид премиерот Никола Груевcки ја искористи за да ја посети високоообразовната установа - Јавна научна установа „Институт за филм – Филмска академија“, каде минатата седмица отпочна и наставата во првата година од постдипломските студии по филмска драматургија и сценаристика.
За отворањето на Филмската академија во Охрид Груевски нагласи дека тој проект е резултат на долгогодишна работа и личен негов ангажман, како преку реализираните посети на Филмската академија (ФАМУ) во Прага, така и преку личните контакти со неговиот колега, премиерот на Чешката Република, од кога барал да даде согласност, бидејќи се работи за државен универзитет, да отворат еден вид дисперзирани студии во Охрид.
- Веќе следната година предвидено е да има уште две или три студии и тоа за филмcка режија, музика за филм и сценогафија и констимографија...Така што секоја година наставата ќе се проширува со нови студии, додека не се оформат сите наставни програми за една филмска академија која освен што ќе прибира студенти од Македонија, ќе биде регионален центар на ФАМУ, рече тој.
За реализацијата на проектот покрај соработката од надлежните институции, Груевски нагласи дека од огромна помош бил личниот ангажман и на режисерот Иво Трајков, инаку професор и член на Сенатот на Универзитетот ФАМУ во Прага.
- Неговата помош и лобирања дадоа сериозна поддршка и во оваа прилика сакам лично да му заблагодарам, рече Груевски.
Инаку, Институтот за филм во Охрид е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, на која се одвива настава по постдипломски студии на катедри за сценаристика и драматургија, како и катедра за креативна продукција. Тригодишните студии се одвиваат на англиски јазик, а се прилагодени согласно стандардите, принципите и долгата традиција на ФАМУ од Прага, петтата најстара филмска школа во светот.
Ново на Сител
-
Чаир ќе биде симбол на културната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош
-
Руски напад во Запорожје: Убиена брачна двојка во село Омелник
-
Во судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетници
-
28-годишник од Штип со закани по живот од едно лице во рок од една година изнудил 356.000 денари
-
Пожар зафатил лозје и градина со овошни и градинарски култури во кавадаречко