Премиерите од регионот на Самит за балканската рута во Виена
На покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн, в сабота во Виена ќе биде одржан Самит за бегалската криза на кој ќе присуствуваат девет премиери од земјите на таканаречената балканска рута.
Европската комисија, како што е најавено во Виена, ќе ја претставвуа комесарот за миграција Дмитрис Аврамополос.
Исто така се очекува на собирот да учествува и претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск.
На Самитот најавено е дека ќе учествуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој не беше поканет на претходниот собир, со што се создадоа тензии меѓу Виена и Атина, германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Словенија, Македонија, Хрватска, Албанија, Унгарија, Бугарија и Србија.
- Посебно во врска со заштитата на надворешните граници и помошта на самото место мораме брзо да напредуваме, изјави Керн.
Тој очекува дека на Самитот ќе бидат изнесени различни ставови, но смета дека е неопходно дека сите што се погодени од балканската рута мораат да седнат на една маса и да разговараат за прашањето за бегалците.
Според неговите зборови со досегашното темпо на решевањето на проблемите не може да биде задоволен, па неоходно е тоа да се забрза. Затоа собирот во Виена треба да послужи и за вршење притисок со цел да се пронајде решение. см/ссм/17:04
Ново на Сител
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ