-->
-->
Премиера на шведскиот документарен филм „Разделба“ во Кинотека
-->
Амбасадата на Шведска вечер и утревечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија премиерно ќе го прикаже шведскиот документарен филм „Разделба“ во режија на Карин Екберг, снимен во 2014 година.
Во својот прв документарец, Карин Екберг со камера ги следи своите родители за време на една година од нивните животи. „Разделба“ е трагикомедија која го отсликува последниот чин на брак кој траел 38 години. Во главните улоги се Лена Екберг и Шел Петерсон.
Филмот е со превод на македонски и на англиски. Влезот за проекцијата е бесплатен, билети треба да се резервираат телефонски во Кинотеката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата