Премиера на Power Rangers, ФХ3Х работеа на ефектите
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од визуелните ефекти на филмот Power Rangers, кој од вечер ќе почне да се прикажува во Скопје.
Kристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на ФХ3Х, изјави дека на проектот работеле од ноември до крајот на јануари оваа година, со тим од 50 артисти.
- Франшизата за филмот постои скоро четвртина век. „Power Rangers“ по првпат се појавија како Mighty Morphin Power Rangers на 28 август 1993 година, и тоа што сеуште постојат како франшиза скоро четвртина век подоцна, доволно зборува за нивната популарност, Се надеваме дека фановите на оваа франшиза ќе уживаат, изјави Даниловски.
Power Rangers, како телевизиска серија потекнува од јапонската tokusatsu Super Sentai, а како Power Rangers, првпат се појавуваат во програмскиот блок на Fox Kids како Mighty Power Rangers во далечната 1983 година. Се работи за група на супер тинејџери, кои додека се справуваат со пубертетот, ги користат своите уникатни супер моќи да го спасат светот.
Прикажувањето на филмот Power Ranger почнува од вечер во 20 часот во киното Cineplexx во Скопје.
Ново на Сител
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп