-->
-->
Премиeра на новата СФ-акција „Ант Мен“
-->

Најновата научно-фантастична акција на Марвел Студиос и Дизни, филмот „Ант Мен“, во чија реализација на визуелните ефекти беше вклучена и македонската компанија ФХ3Х, вечер премиерно ќе биде прикажан во Скопје.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х, истакна дека овој проект го работеле во соработка со МПЦ Техноколор.
– Од првиот Ирон Ман 2 во 2010 година, ова е деветти Марвелов филм на кој сме работеле, и горди сме на континуитетот во квалитет наспроти динамичните промени во технологија и начин на работа во нашата индустрија во последните пет години, вели Даниловски.
Ант Мен или човекот-мравка, според најавите, е доказ за Марвеловата способност да внесат различност во креирањето суперхерои, дури и малку ексцентричност, и тоа без да потпаднат во шаблонот, и да ја зачуваат својата стабилност во базата на фанови.
Филмот кој изобилува со хумор, ја раскажува приказната за малиот крадец Скот Ланг (толкуван од Пол Руд) кој му помага на својот херој Др. Хенк Прим (Мајкл Даглас), со тоа што се согласува да го носи костумот на Ант-Мен и да се намали до големина на мравка за да изведе грабеж со кој ќе го спаси светот и човештвото.
Филмот премиерно ќе биде прикажан вечер во киното Синеплекс со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
