Премиера на филмот „Отворена врата“ на ИФФК „Браќа Манаки“
Денеска, во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“, со почеток од 19,00 часот, ќе се одржи македонската премиера на играниот филм „Отворена врата“ во режија на Флоренц Папас. Продуцент на филмот е Bunker Film+ од Албанија (Ено Милкани), а како копродуценти се јавуваат Circle Film од Косово (Бесник Крапи), Lupin Film од Италија (Рикардно Неро) и Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ).
Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.
Проектот, кој својата светска премиера ја имаше пред еден месец во Главната програма на Сараевскиот Филмски Фестивал, е реализиран со поддршка на Националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје