Премиера на Битолски театар - „Трагичната љубов на една луда девојка“
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на новата сцена премиерно ќе ја изведе најновата театарска премиера - „Трагичната љубов на една луда девојка“ од Јукио Мишима во режија на Благој Мицевски.
Според режисерот Мицевски, се работи за драма, но кореспондира со денешни ситуации, нуди повеќе уметности и затоа низ претставата публиката ќе воочи мелодраматични и комични ситуации кои ќе ги пренесат актерите Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски, Соња Михајлова и Валентина Грамосли.
- За време на подготовките на претставата често си го поставував прашањето дали вреди нешто да се чека во животот. Текстот за претставата постојано ме провоцираше, бидејќи улогата на сликарката Јицуко што ја толкувам во овој проект себично сака да ја задржи својата љубов и себично во своето студио ги чува своите уметнички дела. Ние, актерите, сепак ова најново уметничко дело на нашиот театар нема да го скриеме во нашиот театар, туку ќе го подариме на публиката за секој лично да си го постави прашањето што и зошто треба нешто да се чека во животот, посочи Грамосли во пресрет на вечерашната премиера на Битолскиот театар.
Преводот на текстот од руски на македонски јазик го направи Оливера Павловиќ, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а музиката на Александар Димовски.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа