Премиер загина во сообраќајка по посетата на Сирија
Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.
Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија. При анализата не било откриено присуство на алкохол кај младиот возач, но затоа бил позитивен на наркотици. Обвинителството веднаш поднело кривична пријава против него.
Во несреќата биле повредени возачот на Гагулија и еден телохранител, но брзо биле пуштени од болница. Во колоната која патувала со Гагулија се наоѓал и претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, но тој не е повреден.
Абхазија се наоѓа на брегот на Црно Море, во северозападниот дел на Грузија.
МИА
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството