-->
-->
Премиер лига: Ливерпул го „торпедира“ Евертон
-->
Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Вест Хем забележаа победи во мечевите кои требаа да се одиграат во 27-то, односно 30-то коло во Премиерлигата.
Ливерпул во „Мерзисајд“ дербито го декласира Евертон 4:0. „Црвените“ градското дерби го решија во финишот на првото полувреме кога со головите на Ориги и Сако стигна до 2:0.
По пет минути игра во вториот дел Евртон остана со играч помалку, Фунес Мори поради груб старт доби црвен картон, а Ориги на носилки беше изнесен од теренот.
Замената за Ориги, Стариџ зголеми на 3:0, а Кутињо стави точка на натпреварот.
Ливерпул е во серија од 11 натпревари без пораз, во наредното коло ќе го пречека Њукасл, додека Евертон се наоѓа во длабока криза, бидејчи веќе шест натпревари не знае за победа.
Манчестер Јунајтед постигна два гола (Дилејни автогол и Дармијан) притв Кристал Палас и со четвртата победа на последните пет натпревари се доближи на само еден бод до четвртото место.
Вест Хем во чекор го следи Јунајтед, откако славеше над Вотфорд со 3:1. Керол ја отвори серијата голови, потоа два пати погоди Нобл, а почесниот гол за гостите го постигна Продл.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг