Преку операција на швајцарската полиција откриени повеќе од 2.200 педофили за неколку години
Повеќе од 2. 200 педофили се разоткриени ширум светот во текот на неколку години благодарение на операцијата „Нинџа желка“.
Полицијата потоа добила информација дека лице кое живее во кантонот Аргау дистрибуирало „нелегален порнографски материјал“ под псевдонимот „Нинџа желка“ преку платформата GigaTribe, која овозможува анонимна размена на податоци.
Истата година истрагата доведе до апсење на човекот кој стои зад прекарот „Нинџа желка“.
Станува збор за 62-годишен Германец кој бил осуден во 2015 година, се наведува во соопштението на кантоналната полиција Аргау.
Швајцарската полиција тогаш решила да го искористи неговиот профил за да разоткрие други педофили.
„Тајната операција спроведувана на Интернет неколку години заврши со успех“, разоткриени се повеќе од 2. 200 педофили, соопшти полицијата во Аргау.
Апсења се извршени во Швајцарија, Хрватска, Бразил, Франција, Перу, Романија и Шпанија, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
