-->
  
  
  
  
	-->
  
  Преку 80 проценти од млекопроизводителите во Кумановско поднеле барања за субвенции
  
-->
  
  
Околу 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барања за субвенции за произведено и предадено млеко во производните капацитети, соопшти денеска Подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават откупните белешки за произведено и предадено млеко за мај, јуни, јули, август и септември за мерката 2.4 за кравјо и овчо млеко по што ќе бидат обработени од операторите, изјави Бранкица Димковиќ од Подрачната единица.
До денеска апликација поднеле 950 сточари. И во оваа фаза надлежните очекуваат  за субвенции за млеко до крајот на утвредниот рок, 5 ноември, да аплицираат околу 1.200 - 1300 производители на млеко од кои 80 отсто аплицираат за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и којзо млеко.
- Производителите не трбаа да чекаат последен ден, туку треба што поскоро да ги достават откупните белешки зашто ако задоцнат, поради електронското поднесување на барањата податоците нема навреме да се процесуираат па барањето нема да може да се разгледува, апелира Подрачната единица.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-   
           Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-   
           Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-   
           Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-   
           Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-   
           Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-   
           Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-   
           Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари





