-->
-->
Прекинат вториот контролен меч на Словачка – Македонија
-->

Вториот контролен, пријателски натпревар меѓу Словачка и Македонија што се играше денеска во Братислава не го дочека својот крај.
Имено по 25-минути игра, судиите решија да го прекинат дуелот при резултат 58-54 за Македонија.
Ваквата одлука на словачките судии дојде откако претходно истите за само неколку минути имаа серија на лоши одлуки. Македонската селекција доби три технички грешки, две неспортски прекршоци и една исклучувачка и тоа само по нецели пет минути ига во третата четвртина, што разбирливо донесе огромна нервоза кај сите во нашиот репрезентативен табор.
Ситуацијата кулминираа со неспортска грешка на Диме Тасовски и исклучувањето на Александар Костоски, на што реагирале од нашата клупа, па судиите решиле средбата да ја прекинат.
Како што не информира спортскиот директор на македонската репрезентација Тодор Ѓечевски, ваквата арбитража била дел и од првиот меч одигран вчера кој Словаците го добија со 89-74. Но, откако денешниот дуел нашите кошаркари го започнаа добро и во најголемиот дел од натпреварот го контролираа резултатот, домашната судиската тројка решила да им помогне на нивните играчи, но тоа судиите го правеле на неумесен и9 иритирачки начин.
Ова беа првите контроли за избраниците на селекторот Јорданчо Давидков, пред августовските Мундијалски квалификации.
По Словачка кошаркарите се враќаат во Скопје, каде ќе следува дуел со Бугарија на 15 јули, а потоа од 20 до 23 јули во Скопје, ќе се одржи турнирот „Трофеј Македонија“ на кој црвено-жолтите редоследно ќе играат против Португалија, Холандија и Босна и Херцеговина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
