Прекинат состанокот на лидерите од еврозоната заради прецизирање на позициите
Состанокот на лидерите од еврозоната е прекинат на половина час заради презицирање на позициите, изјави извор од средбата, јави ТАСС.
- Седницата е прекината заради одржување на серија билатерални средби и прецизирање на одделни позиции, изјави тој.
Претходно друг дипломат истакна дека Грција и останатите земји од еврозоната уште не постигнале целосна согласност за учество на Меѓународниот монетарен фонд во третата финансиска помош, на што се противи Атина.
Грција не е согласна и со предлогот да префрли државни активи во вредност од 50 милијарди евра во независен фонд во Луксембург под европски надзор. Целта на тој фонд е да го гарантира приватизирањето на програмата.
Лидерите од еврозоната сега разгледуваат компромисно решение за останување на Грција во еврозоната, изготвено синоќа на четиричасовната средба меѓу лидерите на Германија, Франција, Грција и претседателот на Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска