-->
-->
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
-->

Корисниците на неколку улици во главниот град денеска ќе имаат прекинато водоснабдување во одредени периоди од денот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“ ќе имаат прекинато водоснабдување од 09:30 часот поради двоење во шахта на ул. „Московска“ 12. Прекинот, како што соопшти Водовод, ќе трае до завршување со работните активности.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул.„9-ти Мај“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 20-годишник од Скопје, при претрес кај него е пронајден пиштол
-

Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица-Делчево поради сообраќајна несреќа | ФОТО
-

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
-

Од недела дожд и пониски температури
-

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
-

Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос
-

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
